Wednesday, May 11, 2016

Нил, Амазон, Чанг Џијанг или Јанг-Це-Кјанг, Мисисипи и Об со Итриш

Нил е најдолгата, а воедно и најполноводната река во Африка (6853 км ) и е прва по големина река во светот. Се образува од Синиот и Белиот Нил. Синиот Нил извира од езерото Тана во Етиопија, додека Белиот Нил извира од од езерото Викторија. По својата речна делта, Нил се влева воСредоземното Море. Египќаните многу ја користат реката Нил за рибарење, транспорт, наводнување итн. Покрај Нил се наоѓаат гробници на важни луѓе од Стариот Египет. По Нил, најдолга река во светот е Амазон во Амазонската прашума.Нил има две поголеми притоки Белиот Нил и Синиот Нил, второто е извор на најголем дел од реката на вода и плодна земја, но првиот е подолг. 



Сливот на АмазонАмазон  — значајна река во Јужна Америка и најголемата река во светот во однос на волуменот на количество вода која тече поголем од 8-те најголеми реки заедно. Амазон, кој има најголем речен слив, се смета дека околу една петтина од сите речни текови во светот. За време на влажната сезона Амазон е помеѓу 190 км и 210 км широк. Поради огромните димензии се нарекува и речно море. На ниедно место Амазон не се преминува со мостови, тоа е последица на огромните димензии, најмногу поради ширината. Всушност Амазон не е толку широк за да не може модерен мост да ја премости, но најголемиот дел од реката тече низ прашума каде има многу малку патишта и малку гратчиња па нема реална потреба од премостување.


Јанг це кјанг  или Сина Река е најдолгата река во Азија, а и трета река по должина во светот со должина околу 6.300 км. Реката извира во западниот дел на Кина, во покраината Чингхај. Реката тече од запад кон истоки се влива во Источно-кинеското Море во близина на градот Шангај. Географски реката ја дели Кина на северна и јужна, што и денес служи како ориентир.
Реката Мисисипи  — втора најдолга река во САД со должина од 3 766км од изворот во езерото Итаска во Минесота до устието во Мексиканскиот Залив. Најдолгата река во САД е реката Мисури, со должина од 4 128 км.Реката Мисисипи е дел од речниот систем Џеферсон-Мисури-Мисисипи, кој е најголем речен систем во Северна Америка и меѓу најголемите во светот: по должина 6 275 км е четврти, а по проток 16 200 м³/с е десетти.Најдолгата притока на Мисисипи е Мисури, а најбогатата со вода е реката Охајо. Името на реката е изведено од зборот на домородните Оџибве „миси-зииби“ (огромна река) или „гичи-зииби“ (голема река).








Об со Итриш (Азија) е река во азискиот дел на Русија којашто тече низ Западносибирската низина и е петтата најдолга река во светот. Реката заедно со нејзината најдолга притока Итриш е долга 5.570 км. Извира во подножјето на планината Алтај и се влева во Обскиот залив (Карско море), создавајќи делта долга 80, а широка 30 до 90 км.






No comments:

Post a Comment