Wednesday, May 11, 2016

Нил, Амазон, Чанг Џијанг или Јанг-Це-Кјанг, Мисисипи и Об со Итриш

Нил е најдолгата, а воедно и најполноводната река во Африка (6853 км ) и е прва по големина река во светот. Се образува од Синиот и Белиот Нил. Синиот Нил извира од езерото Тана во Етиопија, додека Белиот Нил извира од од езерото Викторија. По својата речна делта, Нил се влева воСредоземното Море. Египќаните многу ја користат реката Нил за рибарење, транспорт, наводнување итн. Покрај Нил се наоѓаат гробници на важни луѓе од Стариот Египет. По Нил, најдолга река во светот е Амазон во Амазонската прашума.Нил има две поголеми притоки Белиот Нил и Синиот Нил, второто е извор на најголем дел од реката на вода и плодна земја, но првиот е подолг. 



Сливот на АмазонАмазон  — значајна река во Јужна Америка и најголемата река во светот во однос на волуменот на количество вода која тече поголем од 8-те најголеми реки заедно. Амазон, кој има најголем речен слив, се смета дека околу една петтина од сите речни текови во светот. За време на влажната сезона Амазон е помеѓу 190 км и 210 км широк. Поради огромните димензии се нарекува и речно море. На ниедно место Амазон не се преминува со мостови, тоа е последица на огромните димензии, најмногу поради ширината. Всушност Амазон не е толку широк за да не може модерен мост да ја премости, но најголемиот дел од реката тече низ прашума каде има многу малку патишта и малку гратчиња па нема реална потреба од премостување.


Јанг це кјанг  или Сина Река е најдолгата река во Азија, а и трета река по должина во светот со должина околу 6.300 км. Реката извира во западниот дел на Кина, во покраината Чингхај. Реката тече од запад кон истоки се влива во Источно-кинеското Море во близина на градот Шангај. Географски реката ја дели Кина на северна и јужна, што и денес служи како ориентир.
Реката Мисисипи  — втора најдолга река во САД со должина од 3 766км од изворот во езерото Итаска во Минесота до устието во Мексиканскиот Залив. Најдолгата река во САД е реката Мисури, со должина од 4 128 км.Реката Мисисипи е дел од речниот систем Џеферсон-Мисури-Мисисипи, кој е најголем речен систем во Северна Америка и меѓу најголемите во светот: по должина 6 275 км е четврти, а по проток 16 200 м³/с е десетти.Најдолгата притока на Мисисипи е Мисури, а најбогатата со вода е реката Охајо. Името на реката е изведено од зборот на домородните Оџибве „миси-зииби“ (огромна река) или „гичи-зииби“ (голема река).








Об со Итриш (Азија) е река во азискиот дел на Русија којашто тече низ Западносибирската низина и е петтата најдолга река во светот. Реката заедно со нејзината најдолга притока Итриш е долга 5.570 км. Извира во подножјето на планината Алтај и се влева во Обскиот залив (Карско море), создавајќи делта долга 80, а широка 30 до 90 км.






Thursday, April 28, 2016

5-те најдолги реки во светот


Graph of most popular countries among blog viewersМерењето на должините не реките, особено кај оние поголемите не е воопшто едноставно. Тоа од причина што, обично значителен број на реки се спојуваат во заеднички речен систем, па тешко може да се одреди кој крак треба да се земе како изворишен и по него да се смета вкупната должина на реката. Денес во светот постојат несогласносувања и околу тоа кои реки се најголеми, бидејќи многу реки имаат поголема ширина и длабочина, но помала должина (на пр. реката Амазон е со најголем протек, но не е најдолга река). Сепак, најчесто се зема дека реката е поголема доколку има поголема должина, а не протек. Според последните прецизни мерења, произлегува дека петте најдолги реки на нашата планета се: Нил, Амазон, Чанг Џијанг, Мисисипи со Мисурии и Об со Ирташ.
Image result for реката нил
Нил

  • Нил (Африка) е најдолгата река на Земјата со должина од 6.695 км. Извира во Бурунди (јужно од екваторот) од езерото Викторија и тече низ североисточна Африка. Во најголем дел Нил тече низ Египет и на крај се влева во Средоземното Море. Египќаните многу ја користат реката Нил за рибарење, транспорт, наводнување и сето она што во овој пустински предел живот значи. Нил има две поголеми притоки, Белиот Нил и Синиот Нил. Двете реки се спојуваат во близина на суданскиот главен град Картум.



Image result for реката Амазон
Амазон

  • Амазон (Јужна Америка) е втората најдолга река во светот со должина од 6.516 км. Извира од Андите а во најголем дел, дури 3.615 километри тече низ Бразил. Во однос на протекот Амазон е најголема река во светот со 220.000 м кубни вода во секунда (околу 1700 пати поголем протек од Вардар кај Гевгелија!). Шпанскиот истражувач, Франциско де Орелана е првиот кој ја поминал целата должина на реката Амазон. Просечната длабочина на реката, во дождливата сезона изнесува 40 метри, а просечната ширина е 40 км. Интересно е тоа што на реката Амазон нема ниту еден мост. Поради огромните димензии реката Амазон се нарекува и речно море.

Image result for реката Чанг Џијанг
Чанг Џијанг 



  • Чанг Џијанг или Јанг-Це-Кјанг (Азија) е трета река по должина во светот и најдолга река во Азија, со должина од околу 6.380 км. Реката извира на планината Геладандонг, во западниот дел на Кина, тече од запад кон исток и се влива во Источното Кинеското Море во близина на градот Шангај. Во Тибет реката е позната под името Дангку (мочуришна река), а во светот е позната уште како и Сина река. Водата во Чанг Џијанг е многу чиста и неа ја користат големи компании кои се производители на минерална вода.








Мисисипи

  • Мисисипи со Мисури (Северна Америка) е четврата најдолга река во светот со вкупна должина од 6.020 км. Мисисипи има многу притоки од кои Мисури е најдолгата. Реката Мисисипи извира од езерото Итаска во Минесота и се влива во Мексиканскиот Залив близу Њу Орлеанс. Таа тече низ десет сојузни држави на САД: Минесота, Висконсин, Ајова, Илиноис, Мисури, Кентаки, Тенеси, Арканзас, Мисисипи и Луизијана. Мисисипи достигнува ширина до 6.4 км.





Об со Итриш

  • Об со Итриш (Азија) е река во азискиот дел на Русија којашто тече низ Западносибирската низина и е петтата најдолга река во светот. Реката заедно со нејзината најдолга притока Итриш е долга 5.570 км. Извира во подножјето на планината Алтај и се влева во Обскиот залив (Карско море), создавајќи делта долга 80, а широка 30 до 90 км.